Кое шизофрено општество сме ние

Некој од дечките од ПР службите нека им објасни на функционериве од СДСМ дека под „соборување режим” не се подразбира слепо следење на криминалните закони на претходната власт. Ниту еден закон не е крајна, ултимативна категорија.

Баш напротив, секој неправеден и лош закон е инфериорен пред принципите на морал, етика и правичност. Крајно срамно, дегутантно и одвратно е да се повикуваш на закони на една фашистичка власт (како што симпатизерите на СДСМ ја нарекуваа власта на ДПМНЕ). 

Наместо новата власт да ги промени законите кои им даваа легитимитет на криминалите на претходната, нивните кадри ги искористуваат истите за присвојување лична корист во астрономски суми. Истите оние кои врескаа „парите да ги вратите” и „че си лежите”. 

Кое шизофрено општество сме ние.

П.С. Кога поставувате партиски кадри, потрудете се да бидат барем базично политичко писмени. И кажете им и дека Хитлер тоа што го правел било во согласност со законите.

Фејсбук статус на Мојсоска Јована

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*