Кливленд за Ајзеа и Фрај ги доби Кларксон и Ненс од Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс и Кливленд Кавалирс на само неколку часа пред крајниот рок донесоа одлука да разменат неколку значајни играчи.

Во финишот на осмиот ден од февруари, кој е последен рок за реализација на овие трансфери, Лејкерси прифатиле да бидат заменети Џордан Кларксон и Лери Ненс Јуниор, а за возврат од Кливленд ги добиваат Ајзеа Томас и Ченинг Фрај.

Во оваа размена најзвучното е името плејмејкерот Ајзеа Томас кој во Кливленд дојде во почетокот на сезоната како замена за Кајри Ирвинг.

Томас не ги испочни очекувањата на клубот прво поради повредите, а потоа и влезе во отворен судир со соиграчите.

Досегашниот плејмејкер на Кавалирс веројатно нема да биде задоволен со одлуката на клубот, бидејќи претходно истакна дека му е доста од размени и напуштања на клубови.

Сепак управата на клубот мисли поинаку, па Томас сигурно ќе лета за Калифорнија каде Лејкерси имаат намера да го задржат и по летото, пренесува ЕСПН.

The post Кливленд за Ајзеа и Фрај ги доби Кларксон и Ненс од Лејкерс appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Интервју на неделата