Капитену, излези од таа проклета соба!

Рикардо Сапонара кој игра во средниот ред на Фиорентина на многу емотивен начин се прости од својот колега Давиде Астори кој почина ненадејно во неделата наутро во сон. „Врати се во Фиренца за да ти ја признаат добрината“, напиша Сапонара на Инстаграм.

Давиде Астори со својата девојка
О капитену, мој капитену.
Зошто не се симна на појадок со нас?
Зошто не отиде во собата на Марко и не дојде да се напиете од вообичаениот сок од портокал?
Сега сите ќе ни кажат дека животот тече, дека треба да гледаме напред, да се подигнеме, но какво ќе биде чувството без тебе?
Кој ќе дојде секое утро во бифето за да ја загрее атмосферата со насмевка?
Кој ќе не подигне повторно после тоа што направивме претходната вечер?
Кој ќе ги искара младите?
Кој ќе формира круг на тренинг за да играме шева и кој ќе го збудали Марко во таа игра?
Со кој ќе дебатираме за епизодите на Masterchef, во рестораните во Фиренца или за веќе одиграните натпревари?
На кого ќе го потпрам рамото на ручек после исцрпувачките тренинзи?
Врати се, треба да го догледаш LaLaLand за да можеш да го анализираш како секој друг филм кој го гледаше.
Врати се во Фиренца, те чекаат во клубот за да ти го обноват договорот и за да ти ја признаат добрината и позитивниот дух кои ни ги пренесуваше секој ден на сите нас.
Излези од таа проклета соба, те чекаме утре за да продолжиме со тренинзи.
Во животот има луѓе кои ги познаваш отсекогаш и со кои нема да се поврзеш никогаш, потоа тука е Давиде кој веднаш ќе ти влезе под кожа со едно едноставно „Добредојде во Фиренца Рики“.
Каде и да си сега, продолжи да го браниш нашиот гол и осветли ни го вистинскиот пат.
О капитену, мој капитену
Засекогаш мој капитен

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*