Како беше крадена Грција?

Во исто време додека во Брисел добиваше признание од Европската организација за ретки болести, Новартис, една од најголемите светски фармацевтски компании, на другата страна од континентот го собра вниманието благодарејќи на длабоките врски што успева да ги создаде со грчката политичка елита, посебно со таа што моментално не е на власт, пишува Офф.нет.

Грчкиот заменик министер за правосудство Димитри Папангелопулос ја обвини компанијата дека е одговорна за „најголемиот скандал од основањето на грчката држава“.

Слично на праксата на големите фармацевтски компании во други земји, Новартис наводно на илјадници доктори им давал мито за да ги натера на пациентите да им препишуваат лекови од нивно производство, чија цена од старт била пренадуена. Со тоа на државниот буџет му била направена огромна штета, а токму преголемото издвојување за здравство беше еден од клучните приговори што меѓународните лихвари кои го поседуваат грчкиот долг го имаат кон тамошната влада. Иако скандалот во овие основни рамки е познат веќе со месеци, од неодамна се трупаат докази дека не станува збор само за „ситна“ корупција на докторите. Меѓу оние кои се осомничени дека примале мито од мултинационалната компанија се и поранешни министри, шефот на централната банка, па дури и двајца поранешни премиери.

Додека деталите се повеќе се откриваат благодарејќи на заштитените сведоци, обвинителството се соочува со проблем на скоро застарување на делото. Политичарите уште претходно добро се имаат заштитено од слични „скелети од плакар“. Меѓутоа имајќи предвид дека следната година се одржуваат парламентарни избори, целиот случај доби и јасна политичка конотација.

Работата е што сите обвинети функционери и припаѓаат на опозицијата, а владејачката Сириза има намера овој факт дополнително да го истакне со основање парламентарна комисија која ќе се занимава со случајот паралелно со правосудството. Според анкетите, поранешната владејачка гарнитура, наводно одговорна за скандал, лесно би можела да се врати на власт и задоцнетото разоткривање на овој скандал е една од последните шанси Сириза да се врати во игра.

Иако скандалот последниве денови е главна политичка тема во Грција, интересно е колку владите на лихварските држави, инаку многу гласни кога се работи за грчката внатрешна политика, сега молчат. Имајќи предвид дека и нивните компании се вмешани во низа слични скандали на ограбување на грчката држава, лихварските земји сега се надеваат дека целата работа ќе мине без озбилни политички последици. Тие попрво за проблемот ќе го обвинат и казнат грчкиот народ отколку своите компании и на себе блиските политичари. Меѓутоа од одговорност никако не треба да се амнестира ни Сириза. Таа самата се согласи на правилата на игра кои јасно се поставени и против демократија и против интересот на жителите на Грција. Со други зборови, очигледно е дека грабежот во здравството е само капка во морето кое ја поплави Грција.

Извор: Билтен

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*