Јотова: Немаме време за губење, вашето место е во ЕУ и НАТО

Немаме време за губење. Бугарија отсекогаш го прифаќала, го бранела и гарантирала правото на Република Македонија да стане полноправна членка и во Европската унија и во НАТО. Нашата држава беше прва што ја призна Македонија во 1992 година и сега е точно време да видиме кои се заедничките проекти кои можеме да ги направиме заедно за младите луѓе да останат во Бугарија и во Македонија. Да не го губиме нашиот потенцијал, а тоа се случува само со работа и вработувања.

Ова во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС го нагласи потпретседателката на Република Бугарија Илиана Малинова Јотова, пред нејзината утрешна посета на Република Македонија.

Таа нагласи дека нејзината посета има работен карактер и оти ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Собранието Талат Џафери…

– Во нашата земја има многу убава поговорка-Железото се кове додека е жешко. Само пред неколку месеци од двете страни беа демонстрирани нов тип на односи. Овие односи не треба да се оставаат исклучиво врз основа на документот на договорите и потпишаните договори. Ние знаеме дека Договорот за добрососедство и соработка се очекува да биде ратификуван со Република Македонија, појасни Јотова.

Според неа, најважно е да има развој на билатералните односи и затоа секоја прилика треба да се искористи.

– Ништо не пречи да се прошират и граничните премини меѓу двете држави, да бидат навистина современи и европски, така треба за една земја која веќе десет години е членка на ЕУ, а другата се упатиле натаму. Ако ги средиме овие инфраструктурни проблеми,  инвестициите и заедничките проекти ќе бидат олеснети во голема мера и секако ќе бидат реалност, истакна Јотова, која додаде дека ова е прво и задолжително нешто од кое треба да се почне.

Таа смета дека потоа ќе има раздвижување на многу бугарските компании во Македонија.

– Моето искуство веќе една година покажува дека бугарските компании и бугарски заедници ги има во различни земји на Европа, во блиски и далечни земји и се природен мост меѓу двете држави. Токму со компаниите најдобро се прави размена на добри идеи и се спроведуваат заеднички проекти, изјави Илијана Јотова.

Таа потенцира дека многу внимателно го следи секој чекор на Бугарската православна црква.

 

–  Тоа се црковни работи во кои другите власти во државата не треба да се мешаат. Одлуката ќе си ја донесе БПЦ. Сметам дека овие први чекори на БПЦ се во вистинската насока, посочи потпретседателот на Бугарија.

The post Јотова: Немаме време за губење, вашето место е во ЕУ и НАТО appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*