Името ќе се реши со словенски термини за идентитетот и за јазикот?!

Според грчкиот портал „Диферњуз“, спорот со Македонија за името ќе се надмине со словенски термини за идентитетот и за јазикот на северниот сосед.

„Решение што ќе содржи словенски термини за името и за јазико веројатно ќе доведе до излезот од ситуацијата, која, пак, од своја страна е најчувствителниот аспект на ова прашање“, заклучува порталот на крајот од својата анализа насловена „БЈРМ на 11-12 јули 2018 влегува во НАТО – во рацете на Коѕијас и на Сириза е проблемот со името“.

Во пресрет на самитот на Алијансата во Брисел мора да има видлив напредок до февруари, бидејќи во април Европската комисија ќе го претстави извештајот за напредокот и ќе побара Македонија да добие датум за почеток на преговорите со Европска унија, нагласува порталот.

За таа цел, ќе бидат урнати дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“, а министрите за надворешни работи Коѕијас и Никола Димитров преку тајни контакти ќе работат на надминување на спорот. Тој, пак, веќе се одвива во две паралелни насоки: едната е преку посредникот Метју Нимиц да се утврди името и опсегот на употреба, а другата се однесува на дериватите, кратенките и трговските имиња.

„Дериватите го вклучуваат идентитетот и јазикот, елементи кои го допираат јадрото на ‘македонизмот’“, констатира порталот, според кој „луѓе што неодамна разговарале со Коѕијиас велат дека тој лично сака да го реши проблемот со Скопје во контекст на разбирањето дека Атина мора да ги затвори сите отворени фронтови за да се фокусира на уредувањето на грчко-турските односи“.

Уште еден аргумент на „Диферњуз“ за скорешно надминување на повеќедеценискиот спор со Македонија е притисокот од САД за затворање на прашањето со името во следните шест месеци заедно со другите два приоритета на Вашингтон на Балканот – унапредување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и донесување нов Устав на Босна и Херцеговина.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*