Хакерите можат да киднапираат авион, но скопскиот аеродром е безбеден

Киднапирањето на авиони повеќе нема да го извршуваат наоружани луѓе присутни во авионската кабина, туку хакери кои ќе можат да ја преземат контролата врз возилото од сопствениот дом. Ова предупредување пристигна од компанијата „Мекафи“, од каде што велат дека киднапирањето би можело да се случи преку безжичниот интернет кој им е достапен на патниците.

-Ниту еден талентиран хакер не може да демантира дека денешните коменрцијални авиони можат да бидат преземени од хакери кои не треба да бидат ниту во авионот, туку можат да „оперираат“ од некој друг крај на светот, а контролата да ја преземат преку обична интернет врска – објаснува Џон Мекафи, основач на компанијата.

Според него, прегледувањето на багажот барајќи оружје се чини сосема непотребно со оглед на тоа што во денешно време може се да се направи само со еден паметен телефон.

-За жал, следниот напад врз авионите ќе биде дигитален напат против кој едноставно не постои одбрана. Во денешно време користиме бројна паметна технологија, а притоа воопшто не помислуваме на сајбер-безбедноста. Крајно време е да се опаметат луѓето пред да биде предоцна, но и самите авионски компании мора да развијат софтвер кој ќе ги брани авионите од ваквите напади – вели Мекафи.

Кога станува збор за скопскиот аеродром „Александар Велики“, регулативата придонесува за поголема безбедност во цивилното воздухопловство и не остава можност за потенцијални терористички напади за кои се користат течни експлозиви. Ова стои во извештајот на скопскиот аеродром каде што се вели дека токму со оваа мерка се постигнува безбедносните мерки да бидат еднакви насекаде во Европа.

– На патниците се уште им е дозволено да носат мали количини на предмети за лична употреба во нивниот рачен багаж, но само ако пакувањата не содржат повеќе од 100 милилитри течност и можат лесно да се сместат во проѕирни пластични ќеси. Исто така, патниците мора да ги покажат спакуваните течности на контролните места и да ги приложат на безбедносната проверка. Дозволени се одредени исклучоци како лекови и храна која е потребна за време на летот, вклучувајќи ја и бебешката храна. Со овие правила се бара од патниците да ги соблечат нивните јакни и закоа на местата каде се врши безбедносна контрола и воедно треба да ги извадат лаптоп компјутерите и поголемите електронски уреди од нивниот рачен багаж – потенцираат од аеродромот.

Исто така, постои и листа на забранети предмети што во никој случај не смеете да ги внесете во авионот.

-Општо земено, не би требало да се пренесуваат супстанци и предмети како што се радиоактивни материјали, експлозиви, запалливи течности, боци со пропан и бутан, оружје, ножеви, отрови, корозивни супстанци, киселини, магнети, ниту пак заразни тела како што се вируси и бактерии. Во опасните предмети, исто така, се вбројуваат и спрејови на база на аеросоли, кибрит и останати опасни материи како магнетизирани или иритирачки материјали. Треба да се земе предвид дека ова не е комплетна листа на опасни материи – велат од аеродромот.

Од таму додаваат дека носењето опасни предмети во воздухопловот е законски прекршок и е казниво со затвор.

-Тој што во воздухоплов ќе внесе експлозивна или слична направа или супстанција, ќе ги уништи или оштети уредите за навигација или ќе предизвика друга штета на воздухопловот, ќе даде лажни известувања во врска со летот, непрописно или неправилно ќе управува со летот, ќе ја пропушти должноста за надзор врз безбедноста на воздушниот сообраќај или на друг начин ќе ја доведе во опасност безбедноста на летот во воздухопловот, ќе се казни со затвор од една до десет години – стои во Кривичниот законик на Република Македонија.

Таму стои и дека евентуалното киднапирање на авион предвидува затворска казна до една година.

-Тој што со сила или сериозна закана ќе ја преземе контролата над воздухоплов во лет или брод што плови, ќе се казни со затвор најмалку една година. Ако во тој случај настапила смрт на едно или повеќе лица или е предизвикано уништување на воздухопловот или бродот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. Ако при извршување на делото сторителот со умисла извршил убиство, ќе се казни со доживотен затвор или најмалку десет години зад решетки – стои во законикот.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*