Грција ги аминуваше „Пријателство“ и „Скопје“

Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народа, велат од грчкото Министерство за надворешни работи во соопштението во кое, како што јавува дописникот на МИА од Атина, ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.

„Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешната југословенска Република Македонија да го преименува аеродромот во Скопје во „Меѓународен аеродром Скопје“, како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во „Автопат Пријателство“. Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи“, соопштуваат од грчкото МНР.

Извор: Плусинфо

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*