Грда војна со грди постери

Сакаме да им се извиниме на сите оние што се почувствуваа навредено од содржината на фотографиите во постерите, велат администраторите на грчката фејсбук-страница „Грчко-христијански етноседатив“, кои се креатори на постерите со невкусна содржина

Стефан Атанасов

Една голема разулавена мечка која треба да го претставува македонскиот народ и неколку мали грчки војничиња, кои со нож тргнуваат да ја прободат мечката право в срце. Вака изгледа еден од скандалозните постери што деновиве проциркулира во јавноста. На друг постер, пак, Македонците се претставени како страшен и грд војник, кој се обидува да силува една млада и нежна Гркинка. И на двата постера на грчки јазик се повикува на масовно излегување на антимакедонскиот протест што се одржа минатата недела во Атина и каде што стотици илјади Грци протестираа против употребата на терминот Македонија во името на нашата држава.

„Комитите доаѓаат, потребен си ѝ на Македонија, Национален протест во Атина, плоштад Синтагма“, напишано е на првиот постер. „Спасете ја нашата Македонија од Националниот ослободителен фронт на Словените“, наведено е на вториот.

Аналитичарот Жарко Трајаноски за „Вистиномер“ пишува дека сликите всушност се обични интернет „мемиња“ направени од грчката фејсбук-страница „Грчко-христијански етноседатив“, за која вели дека е позната по иронизирање и исмевање на настаните во грчката политика.

Контактиравме со администраторите на грчката фејсбук-страница и ги замоливме да ни ја образложат целта за ваквите плакати, а оттаму одговорија дека станува збор за хумор и дека им се извинуваат на сите оние што се почувствувале навредено од содржината на фотографиите.

– Одлучивме да прикажуваме постери што ги пренагласуваат националистичките и религиозните тенденции, употребувајќи гротески и ретро заднини за да ги деконструираме овие појави. Не, не сме националисти, туку само се шегуваме – одговорија администраторите.

На социјалните мрежи, пак, деновиве се појави нов постер, на кој авторството ѝ се припишува на македонската страна, на кој наместо мечката, на фотографијата може да се забележи распнатиот Исус Христос, а кон него како итаат истите грчки војничиња со ножот в раце. На истата фотографија на англиски јазик е напишано: „Напад врз своите христијански браќа“.

Комуникологот Сеад Џигал го лоцира проблемот единствено во медиумите.

Медиумите постојано се во трка по сензационални вести. Во овој случај саркастичните антимакедонски постери, со кои се исмеваат грчките националисти, беа експресно искористени да се креира скандал базиран на негативен стереотип кај јужниот сосед. Во овој случај проработе техниката на расипан телефон, помогната од феноменот опишан во народната:Ни се слуша она што сакаме да го чуеме“ – вели Џигал.

Текстот е објавен во Слободен печат.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*