Грчкиот и нашиот национализам

Национализмот е болест. Параноја. Секаде е истото, иако сите националисти се сметаат за воини, храбри мажи и се повикуваат на некои историски личности во основа се групи на параноици уплашени дека некој нешто ќе им земе. Така е во Македонија, така е во Грција, Германија, Холандија кај и да е, формулата е иста.

Грција има околу 11 милиони жители, а на протестите биле присутни околу 100.000. Отпилика околу 1% од населението. Кај нас во најдобрите денови на ВМРО гледавме по толку луѓе на нивните митинзи во земја која нема ни милион и пол жители од кој голем број не се етнички Македонци.

Каде се сега тие 100.000 од митинзите на ВМРО да протестираат? Дома, во администрација, насекаде. Едноставно овие 10 години немаше никакво “Национално будење“ и слични глупости како што сакаа да ни претстават туку група на луѓе приморани да се влечкаат по митинзи и протести поради нивната егзистенција. Националистите, за среќа, како во Македонија така и во Грција се на маргините, каде што заслужуваат да се.

Да не дозволиме нечија туѓа омраза да го разбуди вампирот на национализмот кај нас и поради тоа (ај за нас касно е) нашите деца да ја изгубат иднината. Или накратко “Пусти будалу’.

Фејсбук статус на Павле Трајанов

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*