Грчката православна црква: БПЦ да не се меша во јурисдикцијата на СПЦ

Содржината во облачето нема никаква врска со реалноста.

Светиот архиерејски синод на Грчката црква побара од Бугарската православна црква да ја преиспита одлуката за преземање на улогата на мајка – црква  на, како што вели, расколничката црква на „Македонија“.

Според највисокото тело на Црквата на Елада, ваквиот потег на БПЦ би претставувал мешање во јурисдикцијата на Српската православна црква.

„Светиот синод изразува загриженост поради фактот на мешање со таа одлука на Бугарската православна црква во јурисдикцијата на друга православна црква, односно на Српската православна црква, чин којшто е спротивен на Светите канони и на Преданието на црквата, со што ги превидува канонското право и водечката улога на Вселенската патријаршија, што може да биде почеток на немили собитија. Светиот Синод се моли да преовладее совеста и одлуката на сестринската Бугарска православна црква да не биде спроведена“, соопштуваат од Светиот архерејски синод на Грчката православна црква.

Светиот синод на Бугарската православна црква на седница на крајот на ноември одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква, по нејзино претходно писмено барање.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*