Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна го промовираше својот најнов албум и повторно направи р’шум на музичката сцена.

Дами и господа, Горан Трајковски-Готра!!!

Што Ве инспирираше да го создадете овој албум, колку време траеше процесот на создавање и каде може да се набави?

Готра: Бројни беа мотивите за да започнам со работа на еден ваков албум. Првичната идеја беше создавање на двоен албум со десет исти песни, аранжирани и продуцирани на различен начин. Еден гитарски ориентиран и енергичен на соодветен начин, а другиот акустичен и камерен. Не успеав да бидам доследен и дораснат на идејата, со што резултираше издавање на два албуми, еден во април годинава „На Светов Убавина“ и еден сега на крајов од истата година „Тешкиот глас на новите химни“. Иако не до крај се познаваат траги од таа првична идеја. Албумите делат четири идентични песни со аранжмани кои соодветствуваат на погоре реченото и со тоа барем делумно ја покажав првичната замисла. Инаку „Тешкиот глас на новите химни“ е тешко „ифициран“ и „извалкан“ од невремево во кое живееме. Паѓаат маските, завесите на идолските храмови на врховното „божество“. Профит-от се расцепуваат на две. „Овците и козите“ сами си ги наоѓаат своите торови. Тркалото на времето се шири и неспирливо се ближи до „часот“. Не можам да се правам невешт, морам да повикам. Убавината ќе го спаси Светов, а само со „Убавина“ (Љубов) можеме да ја  поразиме најпрво гибелта што е вгнездена во нас, а потоа и онаа вон нас.

Концертот во МКЦ на 15.12 е распродаден, а како што најавивте – нема да има втор концерт. Што ќе можат да слушнат оние кои си набавиле карти за концертот?

Готра: Ова е претставување на новиот албум. Тоа е главната намена на концертот. Иако обата албума од оваа 2017 година се моите дебитантски во прво лице еднина, сепак имам доволно авторски песни од претходните мои проекти, така што ќе можам да понудам и дополнителна музика на истиот тој концерт.

На какво мнение сте за македонската музика во 21 век, дали потенцијалот на нашите уметници е доволно претставен пред пошироката јавност?

Готра: Морам да гледам на нештата глобално, не локално. Македонија е зафатена од светскиот вирус на ничкост, чумата на Новиот Вавилон. Сметам дека падот на човечката душа во бездните на апсурдот произведе рамнодушност кон уметноста во секој поглед. Секако и кон музиката. Конфекционерството владее насекаде, во исхраната, во медицината, во политиката, во сите уметности е протерана уметноста, а вовлечена естрадата (естрада = улица (португалски) ла страда = улица (италијански). Изопаченоста е норма, нормалноста е потисната на маргините на општествениот живот. Или да се послужам со стиховите на В.Б. Јејтс:

„Turning and turning in the widening gyre.

The falcon cannot hear the falconer;

Things fall apart;

the centre cannot hold…“

Тешкиот глас на новите химни back

На албумите од претходните Ваши проекти, Circo Europia и Биоскопија, можат да се слушнат текстови од култни македонски автори, но и звуци од традиционалната македонска музика? Дали исти или слични влијанија има и на новиот албум?

Готра: Помалку или повеќе истите трендови се присутни и на овој албум. На пример на овој го озвучив Рацин повторно, за прв пат Коле Неделковски, и Јордан Плевнеш во неколку наврати. Од музичка гледна точка присуството на нашата традиционална музичка култура е присутно на посуптилен, поогански начин, без цитати.

Долги години работите и на театарска музика, која претстава ви оставила различен впечаток од останатите?

Готра: Скоро целиот свој работен век го оставив во театарот. Благодарен сум му на Бога што преку театарот му возврати со бројни дарови од секаков вид, бројни пријателства, искуства, животна школа. Сите свои музички рутини и погледи кон уметничкото творештво ги научив и соодветно музички ги транспонирав од актерите, режисерите, сценографите и костимографите со кои соработував. Тешко би можел да издвојам една претстава од 70тината на кои сум работел од 1988 па до денес. Посебно е тешко во еден ваков, пишан оглед.

Внимаваат ли Македонците на гордоста и суетата?

Готра: Мислам дека на ова прашање најдобро ќе одговорат тие. Ако побрзаш има шанси да го добиеш одговорот. (Прости ми за цинизмот, важи и за мене)

Што мислите за ситуацијата во која што се наоѓа Република Македонија?

Готра: Веќе не можам да мислам, јас ја живеам, ја делам со сите „мои сострадалници по крвја кич и револуција“. Безнадежен ќе бев ако сметав дека сами можеме да је надминеме, вакви какви што сме. Ќе биде уште полошо, но Бог никогаш не ја оставил Македонија, нејзините луѓе, колку и да биле или се тие во еден историски момент недостојни. Како и некогаш Св. Цар Давид и јас немам надеж во „синовите човечки“ од која и да се нација. „Блажен е оној човек, чија надеж е името на Господа и не се загледува во ништожни работи и лажни воодушевувања..“ (Псалм 39)

Горан Трајкоски

Што би им порачале на читателите?

Она што уште на почетокот на 20 Век ни го порача нам старецот Силуан од Атон: „Држи го умот свој во пеколот и не очајувај“.

Интервјуто преземено од ЛОЗА.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*