Голем концерт на „Бликса Баргелд & Техо Теардо“ во Скопје

Само неколку дена преостануваат до големиот заеднички концерт на Бликса Баргелд и Техо Теардо, кој е закажан во Македонската филхармонија на 9 декември 2017 година.

Како што велат музичките критичари, во Македонија доаѓале и многу поголеми и посериозни имиња, но концертот на Бликса Баргелд и Техо Теардо е од особено значење за генерациите кои израснале со оваа музика. Продадените билети досега покажуваат дека на концертот ќе присуствуваат генерации од најразлични краишта на земјава, а не е исклучена можноста за присуство на фанови од соседните држави.

Техо Теардо и Бликса Баргелд пред три години го снимија деби албумот „Still Smiling“, па сега се враќаат на сцената со целосно нов материјал. Честопати природата на ваквите соработки е врамена во една единствена епизода, временски ограничена, но тоа не е случај со овие музичари. Овде станува збор за една посебна поврзаност, и уметничка и лична, каде што Техо и Бликса пронаоѓаат нов облик на нивната поврзаност за да можат да откриваат нови светови.

Техо живее во Рим и е музичар, композитор и дизајнер на звук. Негово дело е музиката за неколку филма од режисери добитници на наградата „Оскар“ како Паоло Сорентино и Габриеле Салваторес. Има добиено повеќе награди за неговата музика, како Наградата „Enio Morricone“ и наградата „David Di Donatello“.

Бликса, пак, роден е во 1959 година во Западен Берлин. Како самоук артист, тој работи како пејач, писател, композитор и режисер. Дел е и од Nick Cave and the Bad Seeds, како гитарист, повеќе од 10 години, и е предводник и основач на Einstürzende Neubauten од 1980 година. Во моментов живее во Сан Франциско, Берлин и Пекинг.

Во организција на Младинскиот културен центар (МКЦ), концертот ќе се одржи во сабота и ќе започне во 20 часот. Билетите се во продажба по цена од 600 денари и достапни се во Југотон, 1/2 Југотон и на билетарницата во МКЦ.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*