Европскиот парламент ја осуди турската офанзива во Сирија

Пратениците на Европскиот парламент ја осудија турската воена акција против Курдите на северот на Сирија, како и апсењето на неколку стотина лица кои ја критикуваа таа операција, пишува Мета.

Во Резолуцијата, која што беше усвоена денеска, пратениците апелираа до Турција да ја укине вонредната состојба воведена по неуспешниот воен удар во 2016 година, бидејќи се користи за „гушење на легитимната и мирољубива опозиција“.

Според Резолуцијата, потребно е да се услови обезбедувањето на финансии кои и се даваат на Турција, за подготовка за членство во ЕУ, а Анкара во замена за тоа, треба да ја подобри ситуацијата во врска со човековите права и демократијата.

Турција ги почна преговорите за членство во ЕУ во 2005 година, но тие се прекинати.

The post Европскиот парламент ја осуди турската офанзива во Сирија appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Тивкиот убиец на државата

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Менталитетот кај нас, за помагање или барем неправење зло на другиот – не е за пофалба. Всушност далеку е од пофалба и заслужува беспоштедна критика. […]

Интервју на неделата