ЕУ ќе ги притисне Унгарија и Словачка да примат бегалци!

Највисокиот суд на ЕУ ги отфрли приговорите на Унгарија и Словачка околу задолжителните квоти за прием на мигранти договорени уште во 2015 кога бегалскиот бран кон Европа го достигна својот максимум.

Идејата за воведување квоти имаше за цел да се покаже европска солидарност и земјите од ЕУ да примат дел од мигрантите од Грција и Италија кои беа преплавени од стотици илјади бегалци од Блискиот Исток и од Африка.

Но, како што јавува Би-би-си, само приближно 28.000 луѓе досега се преселени од овие две земји, наместо 160.000 баратели на азил како што беше предвидено со  договорот од септември 2015 година.

Унгарија, Словачка, Чешка и Романија гласаа против квотите. Унгарија не прифати ниту еден барател на азил откако беа воведени мерките пред две години.

Претставниците на ЕУ инсистираа од самиот почеток дека квотите се обврзувачки за сите земји членки, без оглед дали гласале за тоа или не. Од Унгарија беше побарано да поведе 1.294, а од Словачка 802 баратели на азил .

До денес, Словачка прифати само околу десетина.

ЕУ започна правна постапка против Полска, Унгарија и Чешка за одбивање да прифати бегалци според планот за солидарност за 2015 година.

Комесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, во јуни изјави дека трите земји ги игнорирале „повторените повици” од извршната власт на ЕУ за да го преземат својот дел.

Колумна на денот

И сега како треба?

Во училиште во Скопје наставник удрил ученик. Таткото на ученикот го пријавил во полиција. Арно му направил, памет за друг пат, така му треба. Ми […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*