Еколошките здруженија отворено до Заев: Ставете мораториум на градењето во Охридскиот регион!

Еколошките граѓански здруженија во отворено писмо до премиерот Зоран Заев бараат  мораториум во рок од 30 дена на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион.

Во писмото на еколошките здруженија на граѓани „Фрoнт 21/42“, „Охрид СОС и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” се вели дека Владата на Македонија не само што не ја испочитува оваа препорака, туку на својата 53-та седница од 6 февруари усвои информации кои се однесуваат на активности во Охридскиот регион, а кои предвидуваат крајбрежни трансформации на Охридското Езеро.

Во дописот здруженијата укажуваат и на активности на терен кои веќе значат непочитување на препораката од УНЕСКО, како продолжување на изградбата на спорниот хотел во Лагадин, тампонирање, уништување на трската и поставување на бетонска основа во строго заштитениот крајбрежен појас.

„Бараме од Владата на Република Македонија во најбрз можен рок, не подоцна од 30 дена, да прогласи мораториум за сите крајбрежни и урбани трансформации на територијата на Светското природно и културно наследство – Охридскиот регион. Очекуваме Владата да ги напушти одамна застарените концепти за развој кои јасно покажаа дека завршуваат со деструкција токму на вредностите кои се основа за одржлив економски развој, односно недвосмислена определба за заштита на нашето најголемо национално природно богатство, во согласност со современите економски и еколошки стандарди“, се вели во дописот на здруженијата.

Во дописот се потсетува и на скорешниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија во кој се бара централната власт да ги почитува обврските за заштита на природата.

The post Еколошките здруженија отворено до Заев: Ставете мораториум на градењето во Охридскиот регион! appeared first on PLUS INFO.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата