Двете последни писма на генералот Праљак

Деновиве хашкиот трибунал ги објави резултатите на истрагата за тоа како хрватскиот генерал Праљак воопшто стигнал до отровот со кој што се самоуби и како успеал да го прошверцува во судница. Одговорот е: за органите на Обединетите Нации е невозможно да откријат како човек сместен во нивен затвор успеа да дојде до отров, и како истиот тој човек успеа да го прошверцува отровот за да се самоубие сред нивна судница. Во меѓувреме Дневник.хр ги добива двете писма кои генералот ги напишал на два дена пред самоубиството.

Писмата се напишани во понеделник 27 ноември, два дена пред објавувањето на пресудата и последователното самоубиство на генералот. Како што пишува Дневник „двете се штури, јасни, без патетики или каква било нерационалност.“

Првото писмо е до семејството и во него Праљак без ни трошка двоумење пишува дека живот како осуденик за воени злосторства за него не е прифатлив:

„Фамилијо!

Одлуката за прекинување на живеењето, во случај да бидам прогласен за виновен, ја донесов одамна – смирено, промислено, самосвесно.

Ваш,

Слободан Праљак.“

Второто писмо е директно до сопругата:

„Каќо!

Мислам дека писмото ‘Фамилија’ ќе мора да го обелодениш за да спречиш бескрајни нагаѓања, лаги, јадна психологија итд.

Твој

Праљак.“

Извор: Дневник

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*