Државата сруши црква, време е да ја изгради

Срушениот храм на ПОА

На сајтот на Православната охридска архиепископија (ПОА) потсетуваат дека во 2004 година по барање на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), а со потпис на Агрон Буџаку, тогашен министер за транспорт и врски, им била срушена црквата посветена на Животоприемниот источник (Балаклија), пишува Соборно православие.

Храмот е срушен како колатерална жртва за непротивењето на МПЦ-ОА на референдумот за територијална поделба. Комунистите и османлиите не рушеа, а МПЦ – руши.

Навистина срамно е во ова време на почитување на религиозната разновидност да се руши еден православен храм.

Архиепископот г.г. Јован вели дека за да дојде до некакво измирување ќе треба државата да го обнови храмот што го срушила. Така направила и Хрватска која ги обновила сите православни храмови што ги срушила во војната.

Многу луѓе од МПЦ-ОА не рекоа ниту збор кога се рушеше црквата што на некој начин ги прави соучесници во рушењето. Сега е време да се покаже цивилизираност, да се поправи грешката и да се крене гласот за обнова на црквата за да не се случи она од Евангелието – камењата на срушената црква да им тежат на потомците на рушителите.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*