Документарниот филм „Хитлеровиот Холивуд“ од 7-ми декември во домашните киносали

Германската кинематографија во ерата на пропагандата 1933-1945. Филмот „Хитлеровиот Холивуд“ режиран од Рудигер Сухсланд ја раскажува приказната за еден од најважните и драматични периоди во историјата на германското кино. Домашната публика ќе може да го погледне филмот од 7ми декември во киносалите низ републиката.

Филмот го поставува прашањето како овие филмови, вклучувајќи ги и нивните митови, нивните приказни, нивните отворени лаги и скриените вистини, влијаеле и влијаат врз иднината на историјата на германското кино? Киното на Третиот Рајх било строго контролирана индустрија, предмет на строга политичка и културна цензура. Истовремено, се стремело да биде „големо кино“; идеолошка и естетска алтернатива на Холивуд.

Германска фабрика за соништа. Меѓу другото, го продуцира и нацистичкиот блокбастер „Минхојзен“, по барање на Јозеф Гебелс. Оваа индустрија го возпоставува системот на ѕвезди во филмскиот свет и се служи со најновите маркетинг алатки.

Околу 1000 играни филмови биле произведени во Германија помеѓу 1933 и 1945 година, а само неколку биле отворено нацистички пропагандни филмови. Во филмот ги гледаме овие филмови и луѓето зад нив. Како преку екраните успеале да бидат засадени во главите на гледачите стереотипите на „непријателот“ и вредностите за љубовта и омразата. Сухсланд е и автор на сценариото.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]