Документарен музички филм и фото-изложба на „Рок фест“

Викендов во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржува „Рок фест“, каде покрај музичката програма, ќе има и дополнителни содржини кои ќе ја збогатат тридневната рок-дружба.

„Рок фест“ годинава ќе почне со проекција на документарениот филм Рокенролер борн лузер“. Проекцијата е закажана за в петок во 19 часот во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ и ќе биде бесплатна.

Документарниот филм Рокенролер борн лузер“, реализиран според сценарио и режија на Аљоша Симјановски, во продукција на Македонската телевизија, е снимен уште во 1987 година. Во оваа 45 минутна документарна сторија свои видувања и размислувања, за можностите и оправданоста за рокенролот како професионална ориентација, говорат рокери од неколку генерации: Коце Икономов, Димитар Чемков-Циме, Денки и Зоко Павловски, Армен Сурмејан, Марио Липша, Даниела Панчетовиќ, од групите „Бисери“, „Безимени“, „Вихори“.

Исто така тука ќе може да се видат и Благоја Трпковски-Трте и Златко Стојановски-Леткум од „Триангл“, потоа членовите на „Пацифисти“, Аријан Дема- Љани и Данаил Дарковски од славниот бенд „Пу“, како и Кокан Димушевски, Бодан Арсовски, Гарабет Тавитјан и Влатко Стефановски од „Леб и сол“, но и многу други македонски музичари од таа генерација.

Во рамките на придружните содржини, годинава ќе биде поставена и ретроспективна илзолжба на фотографии, кои се дел од архивата на „Рок фест“ и ќе стои сите денови додека трае фестивалот. Изложбата опфаќа стотици фотографии, плакати, летоци, влезници и други рекламни материјали од претходните 30 изданија на фестивалот. Тоа практично ќе биде еден хронолошки приказ на развојот на „Рок фест“, на бендовите кои настапувале на оваа манифестација, но и на македонската рокенрол сцена воопшто.

Инаку, музичкиот дел на годинешново издание на „Рок фест“ има три вечери. В петок е натпреварувачката, каде ќе настапат скопските „Фикшн“, „Антиарт“, „Конспираси“, „Метаноја“ и битолскиот рок-бенд „Саундвејвс“. Додека трае пребројувањето на гласовите, ќе свири групата „Гаргојлес“од Скопје, која ќе биде вон-натпреварувачка конкуренција, односно ќе биде гостин на оваа вечер.

Втората и третата вечер на „Рок фест“, в сабота и недела, се од ревијанлен карактер, каде што ќе свират веќе етаблирани бендови кои зад себе имаат подолг музички стаж, а имаат и објавено албуми. На 28 април, ќе настапат домашните „Визија“ и „Стил темпл“, кои своите почетоци ги направија токму на овој фестивал.

Интересно е што оваа вечер ќе има и гости од соседството. Од Србија доаѓа бендот „Патриас“, додека пак од Грција групата „Резистанс“. На 29 април ќе настапат кумановскиот состав „Морфеј“, како и скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.

Картите за „Рок фест“, веќе се пуштени во продажба на билетарницата во МКЦ, и тие чинат по 200 денари за секоја вечер поединечно.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*