Давитков го објави поширокиот список

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков излезе со поширокиот список на кошаркари повикани за вториот циклус во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2021.

Во овие квалификации Македонија ќе одигра само еден натпревар на домашен терен, против селекцијата на Словачка, која во претходната средба ја совладаа на гостински терен со 66-74. Натпреварот ќе се одигра в недела, 25 февруари, со почеток во 20:15 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“.

На списокот на селекторот се објавени имињата на 23 потенцијални репрезентативци, а дополнително тој ќе решава кои од предвидените играчи ќе се најдат во конечниот состав.

The post Давитков го објави поширокиот список appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата