Дали УБК ќе го абортира бебето ОТА?

Формирањето на Оперативно-техничка агенција (ОТА) која треба да служи за следење на комуникациите претставува избрзано решение и не овозможува заштита од евентуална политичка злоупотреба, предупредија експертите за време на дебатата „Како до поголема заштита од неовластено прислушување“ во организација на Европското движење во Македонија.

Мартин Богатиноски

Претставниците на невладиниот сектор и на стручната јавност побараа итно запирање на законските измени и враќање на целиот процес одново со цел реформите да бидат систематизирани, а системот да добие поголема дебата. Дел од безбедносните експерти тврдат дека најпрво треба да се спроведат реформи во Министерството за внатрешни работи, а дури потоа и во другите тела. Други, пак, велат дека ОТА ќе даде значителен придонес во елиминирањето на можностите за злоупотреба на прислушувањето, особено поради тоа што УБК нема повеќе да има одврзани раце.

Потребен е интегритет

Професорот Гордан Калајџиев вели дека во правосудството имало обид да се направи влијание на пошироката јавност, но како што истакна, во секторот за внатрешни работи немало таков обид.

– Влада која најавува нов почеток и реформи, обично почнува со лош старт. Добро е за дел од овие работи да се подигне рачна кочница, ако воопшто е можно да се стори такво нешто. Верувам дека Владата има проблем со временскиот теснец, но сепак таа имаше три месеци каде ништо не презеде и одеднаш за еден викенд подготви пет закони. Не се прават така реформи и тоа не е демократски и не е академски – вели Калајџиев.

Тој посочи дека сè уште не е изграден интегритет во Министерството за внатрешни работи, а уште помалку во службата која според него претставува нереформирана тајна полиција.

– Три стожери се важни за реформите. Едниот е службата да добие интегритет, висок степен на професионалност и внатрешни процедури. Потоа следуваат процедурите за прислушување и другите форми на следење. Трети се контролните механизми. Ние имаме реформирана служба и немаме гаранција да веруваме дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет. Од километар се гледа дека ОТА е бебе на УБК. Нема гаранција дека тоа тело навистина ќе се издвои од УБК – истакна Калајџиев.

Началник на сектор за евроинтеграции во Министерството за внатрешни работи, Светлана Влаховиќ Димановска, пак, вели дека не станува збор за избрзани и преку ноќ донесени решенија, туку дека целата работа започнала уште во 2016 година.

– Препораките содржани во двата извештаи на Прибе се инкорпорирани во законските текстови. Вториот извештај на Прибе дава осврт на сите понудени модули и во однос на ОТА се наведува дека истиот може да биде разумна опција доколку претставува единствено технички центар и доколку се обезбеди ефикасна контрола – вели Димановска.

Според неа, ОТА ќе биде самостоен и независен државен орган што треба да обезбеди техничка поврзаност меѓу операторите и овластените органи за следење на комуникациите.

– ОТА ќе може да обезбеди техничка поврзаност само врз основа на судска наредба. ОТА ќе ги активира и создава техничките услови за следење на комуникациите како за кривичните истраги, така и во постапките за заштита на безбедноста и одбраната. Со ОТА ќе раководи директор избран од Собранието за период од пет години без можност за реизбор, а на предлог на Комисијата за именување и разрешување – објасни Димановска.

Tрансмисија меѓу Судот и Управата

Реформата мора да биде направена смирено, систематизирано и аргументирано, рече Александар Нацев од Центарот за безбедносни истражувања.

– Изборот на овој модел што се форсира не беше направен на начин што беше инклузивен и не постоеше некоја дебата во однос на изборот на моделот. Дебатата почна откако моделот беше избран и направена беше работната група и предлог-законите. Голем дел од препораките на Прибе не се испочитувани и неговото суптилно незадоволство може да го видиме низ вториот извештај каде отворено е посочено дека при изборот на ваков модел не се отстранува сомнежот дека би била можна понатамошна политичка злоупотреба на следењето на комуникациите – рече Нацев.

Безбедносниот експерт Благоја Марковски смета дека секогаш ќе постои мала можност за политичка злоупотреба, но во суштина ОТА ќе ги намали можностите за злоупотреба на податоците во однос на сегашното решение.

– Методологијата на организација на оваа институција ќе биде по теркот на веќе постоечки институции во светски рамки, но ми се чини дека ОТА ќе биде најблиска до хрватскиот модел. Од тој аспект, оваа агенција ќе даде определен придонес во елиминирањето на можностите за злоупотреба на прислушувањето, особено поради тоа што УБК нема да ги има можностите што досега ги имаше. ОТА ќе биде трансмисија меѓу судот и управата, па така можноста за злоупотреба ќе биде сведена на минимум – вели Марковски.

Според него, Македонија мора да продолжи да ги следи светските трендови, бидејќи тие во најголема мера претставуваат ориентир за исправни постапки.

– Со оглед на досегашните ставови на премиерот Зоран Заев, мислам дека има голема одлучност и желба да се направи ваков чекор, но сепак многу е важно како сето тоа ќе биде имплементирано и кој ќе ги реализира тие задачи – објаснува Марковски.

Со предложениот Закон за ОТА, кој е дел од реформата за следење на комуникациите, се уредуваат основањето, надлежностите, раководењето, правата и обврските од работен однос на работниците во ОТА и нејзиното финансирање, а во новиот предлог-закон кој исто така е дел од реформските закони, се уредуваат и обврските за ОТА и операторите и во законот е пропишано дека тие се должни активностите поврзани со следење на комуникациите да ги забележуваат во системот на електронскиот регистар.

Текстот е објавен во Слободен печат.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*