Да се разведеш и да не бидеш истепана

Министерството за правда на Саудиска Арабија го укина Законот кој ги обврзуваше жените да останат со своите сопрузи против нивната волја, објави весникот „Оказ“.

Жените сега ќе можат да се разведат или со договор со сопругот или со тужба во судот, а мажите нема да можат насилно да ги принудуваат жените да се вратат ако решиле да го напуштат својот дом.

Ситуацијата во Саудиска Арабија, особено во областа на правата на жените се менува драматично откако на власт е принцот Мохамед бин Салман.

Во последните месеци на саудиските жени им беше дозволено да посетуваат фудбалски натпревари и музички концерти, да спортуваат, да тренираат во женските фитнес-центри и да започнуваат сопствен бизнис без дозвола на сопругот или друг роднина-маж.

Од јуни, жените сега ќе можат да добијат возачки дозволи, да работат како лични возачи или таксисти.

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*