Червар контра Манасков: Македонија ќе немаше репрезентација, да не бев јас!

Во интервју за „Балкан хендбал“, легендарниот македонски ракометар, Пепи Манасков немаше убави зборови за Лино Червар.
„Желбите се едно, можностите друго. Лино е стар волк, но мислам дека неговото време помина. Ова му е награда од ХРС. Најголемиот успех го има постигнато како селектор на Хрватска и ова му е благодарност пред крајот на кариерата, да се обиде да го оствари она што не успеал“, изјави пред неколку дена Манасков.
Ваквите зборови очигледно го погодија Лино Червар кој со изјава во хрватските медиуми го возврати ударот.
„Јас сум еден од најтрофејните тренери во овој регион. Штета за човекот, односно играчот кој имал добра кариера, но сега ништо не работи, а си зема за право да ги оценува другите. Тоа е лошо за спортот. Не поради мене, мене никој не може да ми наштети. Јас знам што имам направено, па и за Македонија. Тие немаше да имаат репрезентација ако јас не работев со тие деца“, изјави Лино Червар.

The post Червар контра Манасков: Македонија ќе немаше репрезентација, да не бев јас! appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]