Бреговиќ проговори за војната во БиХ

Горан Бреговиќ отворено зборувал за конфликтите кои избиле во минатото, но и одбил да се декларира која вера е.

– Се она што денес го гледаме по Европа, најпрво го видовме во Сараево. Соседот, кој денес ви бил добар сосед, утре пука на вас, бидејќи сте друга вера – рекол Бреговиќ за француската новинска агенција АФП.

Кога Југославија се распадна, Бреговиќ одбил да заземе страна.

– Мојот татко е хрватски католик, мајка ми е православна Србинка, а мојата сопруга е муслиманка. На кого требаше да се пука? На семејството на мојата сопруга? На мојот татко? Или на мојата мајка? Никого не мразев. Само бев тажен – рекол тој.

Сепак, истакнува дека е среќен, бидејќи неговите ќерки имаат француско државајноство и живеат во Франција, „нормална земја“ со „нормален патриотизам“ во која „не мора секогаш да се војува и да се жртвувате“.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*