Борисов му залепи шлаканица на Ципрас: За нас Македонија е Македонија

Потпишувањето на меморандумот за железничко поврзување на три пристаништа од Северна Грција со три бугарски града беше добра шанса и можност за Алексис Ципрас и Бојко Борисов да поразговараат и за регионот, особено на неколку месеци пред почетокот на претседателството на Бугарија со Европската Унија во првата половина на 2018 година. Двајцата премиери се согласни дека балканските земји имаат капацитет и можат да соработуваат, Балканот не смее повеќе да биде буре барут. Бугарскиот премиер, говорејќи за билатералните проблеми во регионот како од минатото така и сега, ја спомена и Македонија, без притоа да упати конкретна порака или да изрази одреден став. Меѓутоа, за разлика од некои негови колеги, дипломатски и коректно и кон нашата земја и кон домаќинот Грција, ги употреби двете имиња, со насмевка на лицето рече: „Тука е поранешната југословенска Република Македонија“, а за нас е „Република Македонија“.

Борисов откри дека следниот месец заедно со неговиот грчки колега ќе побара средба со Жан Клод Јункер за, како што рече, да му ги претстават нивните идеи за целиот регион, пишува Нова Македонија.

– На Жан Клод Јункер, како наш добар стар пријател со Алексис, ќе му кажеме дека не многу одамна друг дел од Балканот, пред 20 години, се колевме, се тепавме, се убивавме и од тоа не излезе ништо позитивно. Се разбира, историјата е историја, секој се држи до своите национални вредности и приоритети, но ние сега сите сме дел од големото европско семејство, а други балкански држави сакаат да стигнат до него – објасни бугарскиот премиер, истакнувајќи дека двете земји, Бугарија и Грција, се во позиција да играат важна улога за една општа балканска политика што треба да се води. Според Борисов, еден од проблемот на Балканот е која држава е најголема.

– Дали е голема Бугарија, дали е голема Албанија, голема Грција, голема Македонија, дали е голема Србија. Ако тргнеме од ова најголемите да обединуваат или да разделуваат, историјата во однос на тоа е доста јасна – рече бугарскиот премиер по средбата со неговиот грчки колега.

Ципрас, пак, рече дека Балканот има огромно геостратегиско значење, а треба да учиме од историјата за да се избегнат фаталните грешки од минатото.

– Она што сакаме заедно да го покажеме како порака, од двете земји, е дека ние овде, Балканците, можеме да соработуваме и имаме поголемо познавање од Централноевропејците за тоа што ќе се случи на Балканот, а имаме и став. Имаме и визија и сакаме оваа визија да ја претвориме во практика преку соработка и имплементација на конкретни проекти за развој што ќе го одведат Балканот во друг пат – рече грчкиот премиер.

Ципрас одговарајќи на новинарско прашање во однос на балканската политика, особено кон Турција, рече дека основната карактеристика на нивната соработка е дека не е соработка што е агресивна кон трети страни ниту соработка што сака да изолира трети соседни земји, туку соработка на која сакаат да ѝ дадат карактеристики на развој, просперитет во регионот, нешто што би било во корист и на соседите.

Неизбежно, двајцата премиери го споменаа и бугарското претседавање со ЕУ на почетокот на 2018 година, кое го карактеризираа како балканско.

– Бугарското претседателство со ЕУ што доаѓа во првата половина на 2018-та за нас е претседателство што го чувствуваме како наше, тоа е балканско претседателство и тесно ќе соработуваме за да има комплетен успех – истакна грчкиот премиер. на Во тој контекст се надоврза и бугарскиот премиер.

– Балканско претседателство – ние токму така го гледаме, затоа што имаме ретка шанса за да ѝ покажеме на Европа дека постои политичка елита, постојат мудри луѓе во регионот што работат за со дипломатски и политички средства да се решаваат разликите и дека Балканот од буре барут ќе се префрли во регион на стабилност и мир – рече Борисов.

Како и да е, во духот на добрососедските односи е, секако, и изјавата на Борисов дека за нив сме „Република Македонија“. Добро би било во скоро време парламентите и на другите соседни земји со посебна резолуција да ја признаат посебноста и постоењето на македонскиот народ.

Колумна на денот

И сега како треба?

Во училиште во Скопје наставник удрил ученик. Таткото на ученикот го пријавил во полиција. Арно му направил, памет за друг пат, така му треба. Ми […]

Интервју на неделата

Ако „таткото“ на Ѓорче Петров нема слух, тогаш јас ќе имам глас

По два мандата на генералот Сокол Митровски како градоначалник на Општина Ѓорче Петров, сега конечно почнува да дува свеж ветер. Митровски реши да не се […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*