Битолчанка починала на Токсикологија од труење со „син камен“

Вчера половина час по полноќ на Клиниката за токсикологија при Клинички центар Скопје, како последица од труење со „син камен“, починала Л.Ш. (58) од Битола.

На 1 септември во 18:30 часот Л.Ш. се јавила во Итна медицинска помош и побарала лекарска помош, по што, поради сериозноста на нејзината состојба, на 2 септември била пренесена на Клиниката за токсикологија при Клинички центар Скопје.

Екипа од СВР Битола извршила увид на местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Колумна на денот

И сега како треба?

Во училиште во Скопје наставник удрил ученик. Таткото на ученикот го пријавил во полиција. Арно му направил, памет за друг пат, така му треба. Ми […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*