Белата куќа ги негира наводите на Макрон: Трамп сака војската на САД во Сирија да се врати дома

Американскиот претседател и натаму сака американските трупи во Сирија да се вратат дома што побргу, соопшти Белата куќа, пренесе „Ројтерс“. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека тој го убедил Трамп во Сирија долгорочно да ги задржи американските трупи.

„Мисијата на САД не се променила – претседателот јасно рече дека сака американските трупи да се вратат дома што побргу“, соопшти портпаролката Сара Сандерс.

Таа навела дека Вашингтон е одлучен во целост да ја уништи Исламската држава и да создаде услови што ќе го спречат нејзиното враќање.

„Поради тоа, очекуваме од нашите регионални сојузници и партнери да преземат поголема одговорност, како воена така и финансиска, за да се осигури безбедност во регионот“, стои во соопштението на Сандерс.

Макрон рече дека го убедил Трамп да ги остави трупите во Сирија. Францускиот претседател во интервју за француската телевизија БФМ рекол дека пред нападот на коалициските сили во саботата го убедил Трамп да не ја повлекува војската од Сирија.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата