Баварците пронајдоа противигра за ПСЖ

Во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Баварците го совладаа ПСЖ со 3-1.

 

Екипата на Баерн Минхен успеа да ја прекине серијата од пет победи по ред на францускиот шампион Пари Сен Жермен.
Во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Баварците го совладаа ПСЖ со 3-1.

Емери не тактизираше со составот и тргна максимално офанзивно на „Алијанц арена“, но германскиот првак знаеше како да го искористи тоа и стигна до заслужена победа со која им се одмазди на „светците“ за поразот во Париз од пред околу два месеци. Левандовски ја отвори серијата голови во Минхен, а потоа два погодоци постигна Толисо, додека единствениот гол за ПСЖ беше дело на Мбапе по извонредната асистенција на Кавани. Проблем за Унаи Емери ќе претставува повредата на Тијаго Силва, кој сега ќе мора да отсуствува извесно време од терените.

Атлетико Мадрид го заврши својот настап во ЛШ за сезоната, откако двократниот вицешампион одигра само 1-1 на гостувањето против Челси. Англискиот клуб беше далеку подобар на теренот, Атлетико сепак прв поведе со голот на Саул Нигез, но Челси заслужено израмни со автоголот на Савиќ во 75. минута.

Рома дојде до посакуваните три бода против Карабах, Пероти беше стрелец на победничкиот гол по одбиената топка по зицерот на Џеко, доволно за „волчицата“ не само да се пласира во осминафиналето, туку и да стигне до првото место во својата група.

Барселона славеше со 2-0 над Спортинг, меч на кој првото полувреме за гостите го одигра македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. По неговото излегување од игра Барса ги постигна двата погодоци, првиот дело на Пако Алкасер, а вториот во судиското продолжение – автогол на екс-дефанзивецот на Каталонците, Матиу.

Лига на шампиони
6. коло

ГРУПА А: Манчестер ј. – ЦСКА 2-1, Бенфика – Базел 0-2.
Табела: Манчестер ј. 15, Базел 12, ЦСКА М. 9, Бенфика 0.

ГРУПА Б: Баерн – ПСЖ 3-1, Селтик – Андерлехт 0-1.
Табела: ПСЖ 15, Баерн 15, Селтик 3, Андерлехт 3.

ГРУПА Ц: Челси – Атлетико М. 1-1, Рома – Карабах 1-0.
Табела: Рома 11, Челси 11, Атлетико Мадрид 7, Карабах 2.

ГРУПА Д: Барселона – Спортинг 2-0, Олимпијакос – Јувентус 0-2.
Табела: Барселона 14, Јувентус 11, Спортинг 7, Олимпијакос 1.

The post Баварците пронајдоа противигра за ПСЖ appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*