„Аргентинецот“ уште не е разрешен?

Мислат дека заборавивме, занимавајќи се со Грујо и со неговите „мега-гига-Аргентинци“?
Во интервјуто за Капитал, премиерот ЗЗ вели дека дотичниот директор на Бирото за развој на туризмот е експерт, врз чие знаење се потпира надежта за развој на овој многу важен сегмент од економијата, па може да му се прости еден гаф.

Но, токму скандалчето со Аргентина ни даде можност да видиме за каков „експерт“ се работи. Имено, човекот смета дека шансата за Македонија е во т.н. рурален туризам, и тој има намера на него да стави акцент.

Не треба да си експерт за да знаеш, односно гледаш околу себе и се сетиш ти што си правел, дека 95 оттсто од луѓето одат на одмор заради плажа, капење и во зима – скијање.

Колкумина од нас и колку пати биле НА ОДМОР во некое село (не кај баба и дедо), заради нечии цркви или да возат велосипед по планини (авантуристички туризам, заради кој беше во Аргентина)? Тоа е толку минимална бројка, што на државно ниво има многу мал ефект. Секој гостин е добредојден, но државата мора да ја гледа најшироката слика, и за неа да изнаоѓа решенија.

Поентата ми е, од ова се гледа дека човеков не е експерт кој ќе ги промени состојбите во туризмот, па да може да му се прости еден гаф, а негативните рецки немоновно ќе се собираат, колку и да е голем насобраниот бес кон Грујо, Горде, Мијалков, Миле и целата таа тајфа.

Уште некое време ќе може да се живее на власт од криминалот на преходниците, но со вакви „експерти“ иднината не е баш светла. Моја препорака ви е да се опаметите, особено околу изборот на соработници, додека се’ уште не е доцна.

Фејсбук статус на Миодраг Мишолиќ

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*