Арда Туран ќе го засили Башакшехир

Досегашниот фудбалер на Барселона, Арда Туран најдоцна до петок ќе биде официјално претставен во тимот на Башакшехир.

„Трансферот ќе биде завршен утре или најдоцна до петок. Арда е наша долгогодишна желба и му заблагодарувам на претседателот на клубот Гоксел Гамусдагу што ни овозможи да ја реализираме“, изјави тренерот на екипата Абдула Авчи.

Башакшехир моментно е лидер во турското првенство.

Арда Туран во Барселона дојде во 2015 година како големо засилување од Атлетико Мадрид, но не успеа да се наметне, одигра само 36 меча, постигна пет гола и ја освои Примера, два шпански купа и еден Суперкуп.

Туран ја почна кариерата во Галатасарај, а за селекцијата на Турција одигра точно 100 меча и постигна 17 гола.

The post Арда Туран ќе го засили Башакшехир appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата