За рокенрол се потребни рокери

11/06/2017

Рокенрол заедницата се сретна со новиот Министер за култура и побара итно рокенролизирање на нацијата и спалување на целиот музички шунд, за кој, како што велат музичарите, во изминатата деценија турбофолкот буквално го индоктринирал и уназадил македонскиот народ, а рокенролот бил фрлен во сенка и прогласен за најголем непријател. Но, и покрај сета почит за стореното и искрено прикажаната желба за масовно враќање на рокенролот на сцената, сепак постојат неколку…

Read More >>

Кошмарите да завршат веднаш!

19/04/2017

На личносно рамниште, во нашето опкружување, и тоа како, возможно е да се сретнат мноштво луѓе, кои имаат впечатливи и достојни за восхит критериуми, според кои го вреднуваат постоењето. И, иако мнозина од нив, не ретко, истите јавно ги соопштуваат, сепак, кога станува збор за општо прифаќање на веќе потврденото познание, тогаш, одненадеж и необјасниво се појавува, речиси непремостлива преграда. Во дневната политика, која честопати целосно го окупира вниманието на…

Read More >>

Будењето е нашето воскресение!

12/04/2017

Да бидам искрен, и јас ја делам убеденоста дека мнозина луѓе денес од религијата очекуваат или во неа бараат само идеологија. Ништо повеќе! И за мене тоа претставува идолопоклонство. И мене, посочениот пристап прилично ми ја отежнува комуникацијата, односно дружбата со таквите луѓе, кои под плаштот на религијата им робуваат на принципите на некаква идеологија. Некаде прочитав дека Ф. Бјукер, на времето, за „Њујорк Тајмс“, напишал: „Принципите се тоа што…

Read More >>

Мас(а)к(р)ирај се во Бетмен

10/04/2017

Што би се случило ако суперхероите од детството решат да завртат нов лист од својот суперхеројски живот и сите заедно се појават во нашиот суперхеројски свет? Навистина, како ли би реагирале луѓето ако наместо на ТВ-екраните и стриповите, своите идоли ги видат со сопствени очи, во сопствениот град и во сопствената татковина? Колку и да звучи психоделично и нереално, јас веќе почнав да си го замислувам Спајдермен како дреме закачен…

Read More >>

Селма, Селма!

28/03/2017

Ако че­ка­те воз на же­лез­нич­ка ста­ница, тоа зна­чи де­ка ва­ше­то те­ло нас­ко­ро ќе се прет­во­ри во геј­зер од емо­ции. Та­ка им прет­ска­жу­ва­ат га­та­чи­те на со­ну­ва­чите, но што ли е со ин­сом­ни­ча­ри­те што ма­ки ма­чат со во­зо­вите? За­мис­ле­те де­ка ви до­а­ѓа­ат мно­гу блис­ки при­ја­те­ли од Бал­ти­кот, па вие ка­ко горди (твр­до­корни) Ма­ке­донци и ши­ро­ког­ра­ди до­ма­ќини, ја „па­лите“ ло­ко­мо­ти­ва­та и уми­ра­те од жел­ба што по­ско­ро да ги за­поз­на­е­те со пла­нин­ски­те уба­вини, традицио­нал­ни­те…

Read More >>

„Анима мунди“ и сексот

19/03/2017

„Најголем причинител за бездомни животни е човекот, кој ги размножува неконтролирано“. Ова е само мал дел од реакцијата на Здружението за заштита на животните „Анима мунди“, откако глутница кучиња нападна и уби дете од кичевското село Бачиште. Но, и покрај тоа што активистите изјаснија длабоко жалење за загубата на младиот човечки живот, сепак не можеа да се воздржат ниту секунда, а да не „удрат“ врз човекот и неговите лоши постапки. Демек,…

Read More >>

Мобинг од сопствената држава

15/03/2017

„Новинарите пишуваат, бидејќи немаат што да кажат, а имаат што да кажат, бидејќи пишуваат“, рекол Ото Клаус уште во 19 век. Но, токму таа двовековна старост на неговата мисла како да не му значи ама баш ништо на македонскиот новинар, оти тој се води по една друга сопствена филозофија: „Да објавам информација, но по можност да не се претворам во нечија боксерска вреќа“, или пак, како што би рекле похрабрите:…

Read More >>

Читајте пред да размислувате, г. Андов!

16/02/2017

Достојно за пофалба е тоа што познатиот југословенски амбасадор и нашиот прв собраниски спикер, почитуваниот публицист, г. Стојан Андов, отвора дебата во однос на начинот на кој непризнатата МПЦ самопрогласува автокефалија. Конструктивната расправа е точниот придонес за евентуалното решавање на постоечкиот горлив проблем со кој се соочува МПЦ. Притоа од голема помош се и невистините, кои г. Андов, без задна намера, изобилно ги излева низ своите два написи, бидејќи нивната…

Read More >>

ЦИА, Тито и МПЦ!

02/02/2017

Полека, но сигурно, почнува да се одмотува клопчето на еден заплеткан сегмент во кругот на нашето општествено живеење. Познати чинители на јавниот дискурс, на пример Емилија Црвенковска и Александар Чомовски, како и не толку истакнати, но сепак, присутни политички фигури, ќе го посочам Слободан Угриновски, недвосмислено акцентираат дека МПЦ е творба на Комунистичката партија на Југославија! Промените на демократскиот амбиент во нашата земја, првенствено заради засиленото меѓународно присуство, направија гореспоменатите…

Read More >>

Христијанството и национализмот!

25/01/2017

Извесно е дека историското искуство од мобилизирањето на национализмот на Балканот е вонредно горчлив опит. Експлозивното будење на национализмот, преку евтините партиски памфлети, како во минатото, така и денес, го загрозува единството и мирот помеѓу народите. Бидејќи останува впечатокот дека, денес, на зборовите им ветвее значењето, та оттука не се кадарни да дејствуваат за точно да ги обликуваат поимите, сосема накратко ќе потсетам на најшироко прифатената определба на национализмот. За…

Read More >>