Кина и Европа ќе градат село на Месечината

19/05/2017

Европската и Кинеската вселенска агенција се во преговори за изградба на населба на Месечината. Главниот секретар на Кинеската вселенска агенција ја потврдил соработката пред медиумите. Европската вселенска агенција(ЕВА) го опиша “Месечевото село” како меѓународна отскочна даска за идните мисии на Марс. Тие не открија повеќе детали за нивната соработка, но минатата година од ЕВА го објаснија концептот на „Месечевото село”. “Се разботи за база за истражувачи на Месечината, роботи и…

Read More >>

Опозицијата најавува радикални протести

23/04/2017

Опозицијата во Албанија од следната недела најави радикализација на протестите, со блокирање на сите патишта во земјата. За во вторник е најавено доаѓањето во Тирана на преговарачот за надминување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер, кој е претседавач со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Опозицијата протестира од 18 февруари и бара техничка влада, бидејќи, како што вели, само таа може да се бори против криминалците од извршната…

Read More >>

Туризмот на удар на политичката пропаганда

23/04/2017

Руската туристичка организација ги демантира наводите на Министерството за надворешни работи дека во Црна Гора има непријатна состојба за Русите и дека треба да се чуваат од можни провокации, пишува Нова Македонија. – Ние остваривме контакти со соработниците на туристичките фирми што се наоѓаат во Црна Гора, како и со Русите што живеат во оваа земја. Никој од нив не забележал никаква негативност кон граѓаните од Русија, ниту се забележува…

Read More >>

Златото предвидува нови војни

23/04/2017

Надежта за нова политика на Блискиот Исток што може да донесе мир во овој нестабилен регион, поврзана со доаѓањето на Доналд Трамп во Белата куќа, исчезна ноќта меѓу 6 и 7 април. Тогаш американската војска изврши силен напад врз сириска воздухопловна база со 59 крстосувачки ракети „томахавк“, истрелани од два брода на американската морнарица во Средоземно Море, пишува Нова Македонија. Според зборовите на Трамп, ваквиот потег бил одговор на употребата…

Read More >>

Само неодговорните политичари можат да создадат националистички хаос

20/04/2017

Во последно време се забележува будење на стариот „тренд“, со кој повторно се рециклира општествениот феномен наречен – национализам. Сѐ почеста е употребата на националистичката реторика во балканските земји. Едни политички аналитичари го земаат тоа „со лесно“, па тврдат дека етноцентричната и националистичка реторика е само маневар што го користат некои политичари за да добијат гласови на избори или за да го одвлечат вниманието од економските проблеми на земјите што…

Read More >>

Ердоган: Може да умрам во секој момент

20/04/2017

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-ен-ен изјави дека уставните реформи не значат премин на Турција кон диктатура, демантирајќи ги тврдењата дека тој нов систем е „скроен како за него“, пишува Утрински. „Тоа не е систем кој му припаѓа на Таип Ердоган. Јас сум смртно суштество, можам да умрам во кој било момент“, рече турскиот претседател. Тој ги отфрли обвинувањата дека ги поддржал измените од желба да ја…

Read More >>

Неизвесна претседателска трка во Франција

20/04/2017

Франција избира нов претседател во два круга, со гласањето на 23 април и 7 мај. Анкетите предвидуваат повеќе од две години дека популистичката, националистичка, авторитарна кандидатка Марин Ле Пен ќе напредува до решавачкиот круг, пишува Гардијан. Но, трката е многу тесна. И Франсоа Фијон, поранешен десничарски премиер, обележан со наводен корупциски скандал и Жан-Лук Меленшон, екстремно-левичарски ветеран со радикална економска програма, исто така, можат да бидат двајцата кандидати во финалето….

Read More >>

Канада ги отвора вратите за сите со бугарски пасош

19/04/2017

Од 1 мај 2017 година визите за Канада отпаѓаат делумно. Бугарите, кои ги исполнуваат условите, ќе можат да поднесуваат барање за електронска дозвола за патување (eTA) наместо виза. Тоа го соопштиле од Амбасадата на Канада за Романија, Бугарија и Молдавија. Новите правила стапуваат на сила во 16.00 часот по бугарско време. Ова е прва фаза од елиминацијата на визниот режим и таа влијае врз Бугарите кои имале канадска виза во…

Read More >>

Во документ на ЦИА од 1947: Македонија со Пирин и Солун

19/04/2017

Во еден од милионите документи на ЦИА се наоѓа и еден интересен документ од 5 јуни 1947 година насловен како „Македонија и Балканската федерација“. Во овој документ пишува дека Бугарската комунистичка партија се согласила да го даде пиринскиот регион на Македонија, ако лидер на новата Балканска федерација биде Ѓорги Димитров, а не Јосип Броз Тито. Според овој документ, политбирото на Бугарската комунистичка партија во 1947 година било подготвено на Македонија…

Read More >>

„Трета светска војна“ го руши рекордот на Гугл

19/04/2017

Според статистичките податоци од „Гугл Трендс“, интернет корисниците ја пребарувале фразата „Трета светска војна“ толку често, што го срушиле историскиот рекорд на Гугл. Податоците кои се анализирани од „Гугл трендс“ покажуваат како луѓето се опседнати со идејата дека во наредните денови може да ескалира глобален конфликт. На почетокот, корисниците биле загрижени за извештајот за ракетниот напад од САД врз воената база во Сирија и рускиот одговор за бомбардирањето, пишува „Интернешнал…

Read More >>