Кралицата Елизабета пие македонско „Стоби“

vinoВиното „вранец“ на винарницата „Стоби“ е препорачано во реномираниот британскиот весник „Фајненшл тајмс“ како врвен избор за празничната трпеза.

Винската советничка на кралицата Елизабета, која наедно е и колумнистка на „Фајненшл тајмс“, Џенсис Робинсон, на својата веб-страница нагласува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е идеален избор за Божиќ.

– Некои неверојатно добри вина може да се најдат на најмалку очекуваните места. „Вранец“ на винарницата „Стоби“ би чинело двојно повеќе доколку доаѓаше од некоја очекувана, мејнстрим-локација, а не од Република Македонија. Очигледно многу вешто е мешано од мојата колешка, која исто така ја има титулата експерт за вино, Каролин Гилби, и е специјалист за вински прашања и за Југоисточна Европа – пишува Робинсон.

Целиот текст прочитајте го во електронското издание на весникот „Нова Македонија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *