Викендов ќе се одржи балканска трка со моќни возила во Охрид

Здружението „Off Road“ од Охрид викендов ќе има полни раце работа околу организацијата на балканска трка со моќни возила во 3 класи. Како што откриваат организаторите, трката ќе се одржи на 1 и 2 јули, а патеката за одмерување на силите се простира од Охрид, преку селата Лакочерај, Сирула, Лешани, манастирот Св.Илија, Плаќенската планина, Мазатар, Куратица, Расино, Вапила Лакочерај и Лескоец, а кампувањето е во кампот „АС“ во Струга.

Според членовите на организацијата, почетокот на трката ќе биде во 9 часот наутро од платото пред градското пристаниште, а како што велат, најпрво ќе мора да се изврши технички прием на возилата, а на возачите да им се доделат стартните броеви.

Освен трката со џипови, планирано е да се одржи и посебна трка со крос-мотори на друга патека, а според најавата, моќноста на возилата ќе биде поделена во три класи, односно првата класа од 0 до 2.800 кубика, втората класа од 2.801 до 3.500 кубика и третата класа од 3.501 кубика.

Пристигна првата група од Полска

 

Од Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата потврдија дека турнејата ќе биде организирана според сите законски прописи, како и со потребната логистика неопходна за нејзино успешно одржување.

Пристигнаа учесниците од Црна Гора

– Настанот, што ќе се реализира на први и втори јули годинава е во организација на здружението „Off Road“, ќе има 350 учесници, 200 теренски „Off Road” возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши од Македонија, Словачка, Полска како и од соседните земји. Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко-спортскo-туристички карактер, а целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на охридскиот регион – вели Стефан Димоски, претседател на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

На трката може да се приклучат сите љубители на овој спорт, а котизацијата изнесува 1.500 денари. За повеќе информации околу условите, здружението „Off Road“ ви стои на располагање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *