Даниел Китески е првиот Македонец кој го искачи „Кардунг Ла“ во Индија

Петок, 27-ми мај, 2017. Тоа е денот кога Даниел Китески стана првиот Македонец кој се искачил на врвот Кардунг Ла (5,602 метри) во регионот Кашмир, лоциран во Северна Индија.

Очигледно, ова не е еден од највисоките врвови во светот, но она што го прави недостапен и опасен за туристите не се невообичаено реткиот воздух, ниту дебелите слоеви снег кои остануваат на планината преку целата година, туку терористите од Пакистан и пукотниците кои може да ги слушнете од другата страна на планината.

Имено, регионот Кашмир предизвика воен конфликт помеѓу Индија и Пакистан по падот на Британската Империја во 1947, по кој Индиската армија успеа да освои најголем дел од регионот, но притисоците од Пакистан и тврдењата дека Кашмир е дел од Пакистан никогаш не престанаа.

Денес во регионот се активни голем број на терористички ќелии поврзани со Пакистан, што резултира со засилени безбедносни контроли од Индиската влада и за влегување во северозападниот дел на Кашмир (во кој е лоциран Кардунг Ла) се потребни посебни дозволи од локалните авторитети (и за туристи, но и за Индиски граѓани), на сопствен ризик на патниците.

Уште нешто интересно за Кардунг Ла е тоа што неколку километри под врвот е лоциран и Khardung La Pass, кој важи за највисокиот автопат во светот, кој изгледа како да е излезен од хорор филм и е тешка пречка и за најискусните возачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *