Вртоглаво намалување на цените на маслото од канабис во македонските аптеки

Маслото од канабис кое досега беше достапно во аптеките низ Македонија и кое предизвика лавина коментари поради високата цена, сега може да се набави за двојно помали пари.

Оваа информација ја потврди компанијата „Реплек“, која всушност е производител на маслото, а како што дознаваме, најверојатната причина за големото намалување претставува новата конкуренција која наскоро треба да ги наполни аптекарските полици со многу поевтино масло од канабис.

Па така, маслото со 5% CBD, кое досега се продаваше за цена од 1.750 денари, сега може да се набави за 1.160 денари. Маслото со 7% CBD кое чинеше 2.420 денари, сега е достапно за 1.570 денари, а пак, маслото со 10% C BD и кое чинеше 3.100 денари, сега може да се купи за 2.100 денари.

КАНОИЛ 10% CBD масло е маслен екстракт од растението канабис или коноп, што е едногодишно тревесто растение. Маслениот екстракт e со докажано отсуство на пестициди и хербициди во производот. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува највисок квалитет на маслениот екстракт. Позитивни ефекти при употреба на CBD маслото од коноп се манифестираат и при состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми. Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помага во одржување на балансот на цревната флора. Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство. Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести – помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта – наведено е на официјалниот сајт на Каноил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *