Се соблекоа голи за да земат Оскар

Покрај исклучителната глума, поради која се закитија со златна статуетка, актерките привлекуваа и со нивните заносни тела.

Додека сите со нетрпение го очекуваат 88 доделување на Оскарите, најважната Холивудска вечер, да се присетиме на актерките кои отидоа чекор понапред во борбата за најпрестижната награда.

1. Кејт Винслет

Сите се сеќаваме на познатата сцена од Титаник, но тоа не беше единствената можност да се види Кејт во такво издание. Во филмот “The Reader”, во 2008 година, за кој и беше доделен Оскар (нејзината шеста номинација!) таа покажа уште повеќе.

2. Шарлиз Терон

Денес таа е позната како актерката која го скроти “Лудиот Макс” и секс икона, или филмот каде најмногу покажа е “Monster” од 2004 година. Признаваме, ова не може не е нејзиното најдобро издание, но таа сигурно го заслужува признанието за улогата на сериски убиец Ајлин Вурнос.

3. Хали Бери

Првата номинација и победа ја постигната со филмот “Бал на монструми”. Сепак, улогата на сопруга на осуден убиец ја засени топлата секс сцена со нејзиниот колега Били Боб Торнтон.

4. Натали Портман

Фановите на “Војна на ѕвездите” ја критикуваа поради нејзиното директно дејствување, но потајно сонуваа за нејзиното тело. Со филмот “Црниот лебед”, ги замолчи сите со заслужениот Оскар.

5. Гвинет Палтроу
Многумина веруваат дека Гвинет не заслужи Оскар во 1998 година, за улогата во “Вљубениот Шекспир”, но ослободувањето на женскоста во познатата сцена не ја остави само машката популација рамнодушна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *