Опозицијата блокира четири главни патни правци во Албанија

Албанската опозиција денеска блокира четири главни патни правци во земјата во знак на протест, како што рече лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, за одредениот притвор за 11 лица што учествуваа на протестот што се одржа викендов против воведувањето патарина на автопатот Албанија-Косово.

Опозицијата претпладне ги блокира најфреквентните патни правци во земјата и на протестите состојбата е напнатата.

Претседателите на двете најголеми опозициски партии, Љуљзим Баша и Моника Криемади, изјавија дека по судската одлука, сега народот е тој што треба да ѝ пресуди на власта.

И покрај тоа што синоќа Министерството за внатрешни работи соопшти дека протестите не се законски бидејќи нема официјално барање за блокада на патишта, до овој момент, и покрај големото присуство на полицијата, нема спречување на протестите.

Албанскиот премиер, Еди Рама, денеска соопшти дека нема да почне да се применува таксата за патарината сè додека нема договор за намалување на цените за патарината со локалното население од општината Кукс. Во саботатата беа целосно уништети четири модерни кабини, кои беа наменети за патарина.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата