А што е тоа амнестија?

Едно од решенијата за подобрување на условите и справување со пренатрупаноста во затворите, премиерот Зоран Заев го гледа во носење закон за амнестија со кој би се скратиле или укинале дел од казните на затворениците, пишува Слободен печат.

За време на неговата посета на затворот „Идризово“, тој повика на дебата во која ќе учествуваат надлежните државни институции, експертската јавност и невладиниот сектор со цел да се пронајде брзо решение на проблемот со лошите услови во македонските казнено-поправни установи.

Правните експерти, пак, потенцираат дека амнестијата не треба да се дава само поради лошите услови во ќелиите, туку да му се дозволи на овој акт правилно да делува врз оние затвореници кои ја научиле лекцијата и нивното одлежување на дел од казната навистина им помогнало да станат подобри луѓе.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, објаснува дека амнестијата се дава на затвореници чија затворска казна веќе ја постигнала својата цел.

– Граѓаните реагираат поради тоа што криминалците би излегле побрзо од затвор, но тоа размислување е резултат на тоа што значењето на зборот амнестија не е најдобро презентирано во јавноста. Амнестијата не значи дека затворениците ќе бидат ослободени од кривичната одговорност, туку нивната казна се крати само под одредени услови, односно само доколку тие луѓе прикажале подобрување во своето однесување и дека целта на нивната казна е постигната – вели Николовска.

Таа вели дека криминалците се казнуваат поради сторено дело, но во исто време казната има воспитувачка улога.

– Амнестијата не треба да се дава само поради тоа што затворските услови се лоши, бидејќи ако толку лесно се доделуваше, тогаш воопшто не требаше да се казнуваат луѓето и да се праќаат во затвор. Сметам дека потребно е пошироко гледање на работите – објаснува Николовска.

Колумна на денот

И сега како треба?

Во училиште во Скопје наставник удрил ученик. Таткото на ученикот го пријавил во полиција. Арно му направил, памет за друг пат, така му треба. Ми […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*