Јавноста ѝ дише во врат на секоја власт

Многу е добро што за тендерот на компанијата на Анѓушев се води отворена дебата. Секоја власт треба да знае дека јавноста ѝ дише во врат. Но, битно е таа дебата да биде компетентна. Во случајов тоа е инсистирање својата работа да ја завршат институциите.

За вакви теми не би смеело да се суди и пресудува во кафана, туку некој компетентен и овластен треба да ја провери постапката за тендерот. Ако компанијата на вицепремиерот навистина понудила најдобри услови, нема причина да се буниме. Ако не – викање на цел глас за кражба на народни пари.

Јас прво би проверил дали и порано Анѓушев добивал слични зделки за истата работа.  Ако не добивал, туку ова му се првите 2,4 милиони евра за ваков ангажман, тогаш – смрди на корупција.

Доколку и претходно го правел истото, треба малку да се смири „нервозата” кај критичарите.

Фејсбук статус на Миодраг Мишолиќ

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*