Трамп во банкрот! Долгот се зголеми на 20 трилиони долари

Националниот долг на САД за првпат во историјата ја надмина сумата од 20 трилиони долари (20 илјади милијарди).

Според податоците што беа објавени во понеделникот, долгот се зголемил за дополнителни 318 милијарди долари и сега вкупно изнесува 20,162 трилиони. Ова се случи истиот ден кога претседателот Доналд Трамп ја укина забраната за лимитирање на долгот и овозможи федерално земање заеми до 8 декември.

Тој, истовремено, префрли 15 милијарди долари во фондот за помош за жртвите на ураганот Харви. Против оваа одлука беа 90-мина пратеници, сите републиканци.

„Надминувањето на сумата од 20 трилиони е јасен показател во каква фискална состојба се наоѓа нашата земја. Бидејќи не сме способни да го спречиме растот на долгот, во наредните десет години само за камата ќе мора да платиме шест трилиони долари“, изјави аналитичарот Питер Питерсон.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*