Тепачка во Кочани: Маж со убоди од нож заврши на Клиника

Синоќа околу 22:20 часот на улицата „Јане Сандански“ во Кочани, настанала вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка помеѓу В.А. (37) и А.Д. (33) од една страна и Л.А. (58), сите од Кочани.

В.А. и А.Д. со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што Л.А., со нож на В.А. му нанел повеќе убоди во пределот на телото.

В.А. бил пренесен во Медицински центар Штип, од каде бил препратен во Клинички центар Скопје, а Л.А. и А.Д. биле приведени во Полициска станица Кочани.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*