Тела на 400 сирачиња закопани во масовна гробница

Децата биле штитеници на дом за грижа на деца што го воделе католички монахињи.

Се смета дека најмалку 400 деца биле закопани во дел од гробиштата на Св. Марија во Ланарк, покажува истрагата на Би-би-си.

Ќерките на милосрдието од Сент Винсент де Паул, кои го воделе сиропиталиштето, одбиле да ги коментират наодите.

Истражувањето на весникот „Сандеј пост“ Sunday Post се фокусираше на детскиот дом Смилум во Ланарк.

Домот за сирачиња бил отворен во 1864 година и се грижел за сирачиња, а функционирал до 1981 година. Низ домот поминале 11.600 деца.

Анализите покажуваат дека една третина од оние што умреле биле на возраст до пет години.

Има сомневања дека имало многу злоупотреби во сиропишалиштето како тепање, јавни понижувања и психолошка злоупотреба.

Претставници на Ќерките на милосрдието летово доставија докази за истрагата, но изјавија дека нема никаква евиденција за каква било злоупотреба.

Калуѓерките одбија да одговорат на детални прашања од новинарите за тоа колку луѓе биле погребани во масовната гробница.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*