Сѐ повеќе Црногорци на породилно отсуство

Родителско отсуство во 2016 година во Црна Гора користеле осум вработени татковци, а нивните работодавци за тоа добиваат рефундација на средствата од Центарот за социјална работа во Подгорица. Ова право во 2017 година го користат 10 татковци, кои привремено го прекинале својот работен однос, соопштуваат од Министерството за труд и социјално осигурување на Црна Гора.

Во другите градови во земјата бројот на татковците на родителско отсуство е мал. Но, како што покажала анкетата на РТЦГ, свеста кај луѓето полека се менува. Младите одбивале да одговараат пред камерите на националната телевизија, а повозрасните мажи велат дека сега би го користеле тоа право доколку би имале можност.
– Имам две големи деца. Би користел родителско отсуство ако жената е вработена. Што е страшно, и таткото е родител, како и мајката – вели еден од анкетираните граѓани.

Информацијата дека има сѐ повеќе Црногорци што би сакале да користат боледување додека мајките работат ја потврдија и во Здружението на родителите.
– Нивниот број е мал, но секоја година е сѐ поголем, а тоа е добар сигнал. Освен промената на свеста, сега родителите генерално водат сметка за интересите на децата, а помалку за она што ќе каже средината. Во некои земји постојат и дополнителни привилегии за татковците што ги користат овие отсуства од работа – вели Кристина Михаиловиќ, директорката на Здружението на родители.

Во Европската Унија се подготвуваат нови правила, кои би требало да се усогласат со приватниот и деловниот живот на родителите. Поради поголемите обврски околу децата има сѐ помалку вработени жени, европската директива им наложува на татковците минимум четири месеци да бидат на породилно отсуство. Црна Гора сѐ уште не се одлучила на оваа опција, но подготвува нов нацрт-закон за работа, во кој се предвидуваат низа олеснувања и за татковците.
– На пример, сегашната одредба дека работодавецот не може да ѝ даде отказ на мајката што е на породилно отсуство да се применува и за мажите. Ова значи нивните договори да бидат продолжувани по автоматизам додека тие се дома со своите деца – смета Михаиловиќ.

Заради одржувањето на рамноправноста меѓу двата пола, во ЕУ се предвидува задолжително отсуство и за мажите. Сепак, Холандија, Португалија и Данска сметаат дека ова прашање треба да се реши во рамките на самите држави, додека во Чешка, Романија и во Италија се категорично против идејата за задолжително отсуство за чување деца.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*