Рамковски: Режимското судство произведе најмногу затвореници

Сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, кој беше осуден на 13 години затвор и кој минатиот месец излезе на слобода заради нарушено здравје, вели дека кризата во судството е најголем одраз на режимското владеење на поранешната власт, а исто така потенцира дека истото тоа судство претставува најголем произведувач на затвореници, пишува Слободен печат.

– Во затворот „Идризово“ моментално живеат околу 2.000 затвореници, а капацитетот на установата предвидува простор за најмногу 800 затвореници. Од лично искуство кажувам дека во една ќелија за двајца затвореници живеат дури петмина, а да не зборувам какви се условите со кои секојдневно се соочуваат сите затвореници. Тука не станува збор за луксуз, туку за оние најосновни услови кои се потребни за преживување. Исто така, во Идризово живеат многу сиромашни луѓе кои немаат пари за храна, па принудени се да го јадат тоа што им го нуди затворската кујна. Затоа сметам дека евентуалното амнестирање ќе придонесе за значително подобрување на тие услови, преполовувајќи го бројот на затвореници и паралелно намалувајќи ги трошоците на самиот затвор, кои и така не се превисоки – вели Рамковски.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*