Путин не ја дава претседателската фотелја

Актуелниот претседател на Руската федерација, Владимир Путин најверојатно останува на кормилото на државата откако, со вешто маеврирање, во последните 17 години ги извршуваше и претседателската и премиерската функција,.

Руски „Комерсант“ јави дека актуелниот претседател, многу веројатно ќе ја објави својата нова кандидатура за прв човек во Кремљ, на 7-ми ноември и на стогодишнината на Октомврискаа револуција во 1917 година.

Да нема забуни, Октомвриsката револуција се случила на 7-ми ноември според Јулијанскиот календар што се почитува во православниот христијански свет, додека на Запад и според Грегоријанскиот календар таа се случила 14 дена порано.

Се очекува во ноември, Владимир Путин и официјално да ја објави својата номинација за нов мандат кога е планирано тој да учествува на Денот на националното единство на 4 ноември и на 100-годишнината од револуцијата на 7-ми ноември.

Путин претходно беше претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Руската Федерација во периодите од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така беше претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Во времето на СССР, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ во Берлин. Во 1991 година и по распаѓањето на СССР влегол во политиката во тогашен Ленинград. Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на тогашниот претседател Борис Елцин.

Неочекувано, на 31 декември 1999 година, „анонимусот“ Путин беше именуван за вршител на должноста претседател, откако Борис Елцин неочекувано поднесе оставка. Во март 2000-та година, Путин победи на изборите и беше реизбран во 2004 година. По крајот на мандатот, тој немаше  право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател стана Дмитриј Медведев го избра Путин за премиер.

По „отсуствотото на одредено време“ како премиер, Путин во 2012, се врати на чело на државата и покрај критиките за местената ротација меќу премиерот и претседателот.

Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 18 март идната година.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*