Неџат Ибрахимовиќ ќе гостува во Скопје

Писателот Неџат Ибрахимовиќ ќе биде гостин на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“. Неџат Ибрахимовиќ е роден 1958 година во Тузла, пишува Нова Македонија.

Тој е книжевен и филмски критичар, сценарист и автор на документарни филмови. Завршил Педагошки факултет во Осиек и постдипломски студии во областа на книжевноста на Филозофскиот факултет во Загреб. Докторирал на Филозофскиот факултет во Тузла во областа на книжевноста на Босна и Херцеговина. Завршил и телевизиски студии на Медија-академијата во Холандија. Објавувал книжевни студии и интерпретации, театарска и филмска критика во различни списанија и снимал документарни филмови за холандски телевизиски куќи.

На Универзитетот во Вашингтон предавал јужнословенски филм и јужнословенска книжевност во егзил и како гостин предавал на Факултетот за уметност во Подгорица. Вработен е на Универзитетот во Тузла како редовен професор по книжевност и историја на филм и е претседател на ПЕН-центарот во Босна и Херцеговина. Ибрахимовиќ освоил повеќе награди, меѓу кои: специјална награда на жирито за документарниот филм „Полна месечина над Босна“ на Фестивалот за видеоостварувања во Амстердам 1997 година, награда од Фондацијата за кинематографија на Босна и Херцеговина за сценарио за игран филм под насловот „Куќа на островот“ и награда доделена од Фондацијата за издаваштво на Босна и Херцеговина за книгата песни со наслов „Мала историја на смртта и пишувањето“.

Во рамките на книжевната резиденцијална програма Ибрахимовиќ ќе работи на својот втор роман под наслов „Куќа на островот“. Наративната основа на романот ја сочинува сценарио за игран филм, кое десетина години порано било наградено со првата награда од страна на Фондацијата за кинематографија на Босна и Херцеговина. Истовремено Ибрахимовиќ истражува за својот трет роман, каде што главни ликови се т.н. поети-аматери, односно поети што не се дел од националните книжевни канони.

За време на својот престој во Скопје тој би сакал да го претстави и својот роман „Инкапсулирани тела“ пред македонската читателска публика, кој беше објавен на македонски јазик во 2016 година, во издание на „Готен“.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*