Навивачите на Ливерпул ќе му простат на Кутињо, но под еден услов

Бразилскиот интернационалец, Филипе Кутињо ова лето беше главна трансфер мета на Барселона, но Ливерпул ги одби сите понуди, си остана на зборот и офанзивецот остана на „Енфилд Роуд“ иако за него можеше да заработи голема сума на пари над 100 милиони евра.

И самиот Кутињо сакаше да замине во Каталонија, меѓутоа таа негова желба останa неисполнета и сега одново ќе мора да ја врати довербата на навивачите на „црвените“ кои имаат забелeшки за неговото однесување и барањето за трансфер.

Сепак според некогашниот член на Ливерпул, Пол Инс нема да има никави проблеми меѓу Бразилецот и фановите, но под услов играчот да биде на истото високо ниво или поточно да го следи примерот на Луис Суарез во 2013 година кога сакаше да си замине, ама трансфер не направи и потоа „гризеше“ за премиерлигашот од „Енфилд Роуд“.

– Филипе мора да се обиде да ја ископира сезоната на Луис, откако му беше кажано дека нема да може да си замине. Една работа за навивачите на Ливерпул, се додека Кутињо ги прави работите на вистински начин тие ќе го сакаат. Тие ќе разберат оти Барселона примамува и нема да бидат против него се додека тој не се жали или покаже незадоволство со своето тело, нешто кое навивачите на Арсенал повремено го гледаат кај Алексис Санчез. Кутињо не ми изгледа на таков тип на играч, -посочува Инс за „Дејли Меил“.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*