Кежаровски со порака до премиерот: Како Господ молев да ме префрлат во Идризово

Господине Заев,

Ги поздравувам Вашите настојувања да се подобрат условите во затворот во Идризово и уште повеќе најавата за Закон за амнестија. Но, ви сугерирам час поскоро да ги видите и ќелиите во притворот во Шутка. Да ви ги отворат вратите од Ц-14, Ц-19, Ц-18…

Оти таму, ве уверувам, полошо е од каде и да е. А токму таму, прво во Ц-14, па после и во Ц-19, поминав месеци зсатворен со уште тројца други. Немав привилегија да бидам во тие попространите ќелии во новиот дел.

Во „Ц“ се сите кои требаше да бидат „скршени“. Некои попуштија пред притисоците и се „спогодуваа“ со државата или кодошеа, некои останаа доследни на Законот на молчењето. Се гордеам, не затоа што бев во затвор, туку затоа што припаѓам на овие вторите.

Молев, верувајте ми, после изрекувањето на пресудата да ме префрлат во Идризово, затоа што таму е подобро. Има сведоци за тоа. Докторот, психијатерот, чинам дека уште е таму, прашајте го.

Седев пред него и со допрени дланки како Господ го премолував да ми даде „препорака“ за во Идризово. За возврат, му велев, дека пред него ќе ги скинам сите докази што ги имам и што ја потврдуваат мојата невиност.

Песна се слушаше од ќелиите само во два случаја. Или ако ти почнува судењето (оти така ќе те носат од таму до судница и назад и ќе можеш да видиш малку од светот) или ако ти стаса решение дека те носат на издрѓување на казната во Идризово.

Ете толку, господине Заев, се лоши условите во притворот во Шутка, во озлогласениот „Ц“ ходник.

Фејсбук статус на Томислав Кежаровски

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*